КОРИДОРИ 8 И 10

ИЗГРАДБА И ГЕОМЕХАНИЧКИ РАБОТИ НА КОРИДОРИТЕ 8 И 10

Во изминатиот период, Градежен институт Македонија потпиша три договори со „Bechtel & Enka“ за проектот за изградба на четири автопатски делници долж Коридорите 8 и 10д, во вкупна должина од 109 км. Договорите се однесуваат на: геодетски работи, геотехнички истражувања и испитувања и проектирање.
Целта на Проектот е да се подобри патната инфра¬структура во нашата држава, а предметните делници претставуваат дел од Паневропските транспортни коридори 8 (врска на Јадранско и Црно Море) и 10 (врска помеѓу Австрија и Грција).

Дополнително Градежен институт Македонија изведе геомеханички истражни работи за потребите на Автопат Коридор 8 и 10д, каде што инвеститор во проектот е „Bechtel Enka UK 2 Limited“

mk_MK