РЕДИЗАЈНИРАЊЕ НА БРЕГОТ – ВАРДАР

РЕДИЗАЈНИРАЊЕ НА БРЕГОТ НА РЕКАТА ВАРДАР

ГИМ е задолжен за изработка на техничка документација за редизајнирање на кејот на реката Вардар каде фокусот е пронаоѓање на нови можности за активирање на околниот простор и интегрално поврзување. Целта е да се добие континуирана линија, која со течението на реката го дели градот на два дела, а со својата атрактивност ќе привлекува луѓе кои ќе го користат просторот на различни начини и потреби во секојдневниот живот на градот. Донатори во проектот се Град Скопје и УНДП.

Со цел полесна разработка и имплементација на предложените интервенции, работниот опфат е поделен на 4 делови, низ кои допираат рабовите на 6 градски општини. Предложените интервенции опфаќаат различни карактеристични целни интереси (културни, рекреативни, спортски, инфраструктурни, социјални итн.) преку кои посетителите ќе ја имаат можноста за вмрежување со постоечката инфраструктура на градот и интегрално функционирање.

mk_MK