СТУДЕНТСКИ ДОМОВИ- ЕНЕРЕГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА СТУДЕНТСКИ ДОМОВИ- ЕНЕРЕГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

ГИМ е дел од долгогодишен проект за Енергетско Ефикасна Рехабилитација на девет студентски домови во Скопје, Прилеп, Битола, Охрид и Штип, во кој инвеститор е Министерство за образование и наука на РСМ, донатор KFW банката и ЕУ. Реконструкцијата се состои од три главни компоненти: подобрување на енергетската ефикасност на објектите, структурални мерки (реконструкција на оштетени делови од конструкцијата) и севкупно подобрување на комфорот во објектите. Инвеститор на проектот е Министерство за образование и наука на РСМ, финансиран од KFW банка и Европска Унија/ЕУ. Главната цел на овој проект е да се допринесе во активностите за заштита од климатски промени со намалување на СО2 емисиите и создавање на подобри услови за живеење и учење на студентите во Северна Македонија.
Првиот завршен основен проект е за Студентскиот дом „Стив Наумов“ кој се наоѓа во Општина Гази Баба во Скопје. Тековно се завршува и Студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“, кој се наоѓа во Општина Центар. Дел од овие капацитети во моментот се вон употреба. Интересен е фактот што и за двата објекти е изработен проект за поставување на фотоволтаични панели, со максимален капацитет согласно можностите на објектите.

mk_MK