ХИДРОМЕЛИОРАТИВЕН СИСТЕМ РАВЕН – РЕЧИЦА

ХИДРОМЕЛИОРАТИВЕН СИСТЕМ РАВЕН – РЕЧИЦА

Согласно Договорот и барањата на инвеститорот ̶ Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РСМ, Градежен институт Македонија отпочна постапка за планирање на системот за наводнување во делот на Полошкиот регион, со што активностите се поделени во две фази, и тоа: 1 фаза – изработка на студија за избор на траса и тип на техничко решение и изработка на проект за инфраструктура и Основен проект за главен канал од Х.С Равен – Речица, која претходно е завршена. 2 фаза – изработка на Урбанистички проект за инфраструктура и Основен проект за разделна и делнична дистрибутивна мрежа, кој е предмет на договор со ГИМ за изработка на проектна документација.
Ваквата поделба по фази е од интерес за побрза реализација на проектот и ставање во употреба до корисниците на системот.

mk_MK