СТУДИИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ОСНОВНИ УЧИЛИШТА СО СТУДИИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ СО БЛИСКУ НУЛА ПОТРОШУВАЧКА

ГИМ изработи студии и основни проекти за намалување на енергетските потреби на четири училишта преку ефикасно користење на енергијата со имплементирање на мерки за енергетска ефикасност, остварување на целите за одржлив развој и намалување на негативното влијание врз животната средина. Истите се изработени за потребите на Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија, како дел од проектот за реконструкција и рехабилитација на 145 училишни спортски сали и училишта.

Основниот проект е изработен врз основа на прифатена варијанта од Студијата и идејното решение со приближно нула потрошувачка на енергија. Техничка документација и значителна реконструкција е изработена за повеќе основни училишта во Република Северна Македонија, и тоа: село Велјуса, Општина Струмица, Лажани, Општина Долнени, Стенче, Општина Брвеница и Горни Подлог, Општина Кочани.

mk_MK