ЛИМАК

ЛИМАК

ГИМ е ангажиран како надзорен орган на повеќенаменскиот комплекс ‘’Diamond of Skopje’’ во самото срце на градот, во најтесното централно градско подрачје, веднаш до музејот на град Скопје, кој го гради Турската групација Лимак.
Градбата се протега во правец југоисток-северозапад и е составена од низок дел со височина +16,00м., катност П+2 во кој се сместени деловни, културни, угостителски и трговски единици и високи делови во источниот и западниот дел на парцелата со височина од +70,00 m и катност П+20, во кој се сместени катни гаражи, станбени единици и луксузен хотел со 5* со апартманско сместување. Сите единици во компексот функционираат независно еден од друг.
Посебно комплексно решение претставува подземната булеварска сообраќајница, која минува под самиот комплекс, со вкупна должина од сса. 800 метри и широчина од 37 метри.

mk_MK