„East Gate“ е трговски центар од новата генерација и дел од најголемиот мултифункционален проект на пазарот на недвижнини во С. Македонија – „East Gate“. Структурата на трговскиот центар ќе биде на две нивоа со голема концентрација на различни содржини, модни брендови, ресторани, храна и забава.
Проектот „East Gate“ е најголемата приватна инвестиција на пазарот на недвижнини во нашата земја финансирана од „Балфин Групацијата“ (Balfin Group). Објектот има површина од околу 150.000м2, и како таков од својот тип е најголем во нашата земја, а меѓу најголемите во регионот.
ГИМ се јавува како стручен надзор над изведба и изработува планска и проектна документација.