Врз основа на склучениот Договор помеѓу ГИМ Геотехника – Бања Лука и China National Aero Technology International Engineering Corporation – Branch Foča, извршени се детални геотехнички истражувања и испитувања за три хидроелектрани на р. Бистрица во близина на Фоча во енти¬тетот Република Српска.
Во навистина сложени теренски услови и за краток временски период (април – јуни, 2022 год.) изведени се 33 истражни дупнатини или вкупно 1,075 m истражно дупчење. Дупчењето го изведе опера¬тивата која делува на територијата на Република Српска, додека картирањето на јадрото, опро¬бувањето, лабораториските испитувања и изработката на геотехничките елабо¬рати се извршени од ГИМ – Скопје.