КОМПЛЕКС ТРЕСКА

ЛАБОРАТОРИСКИ ИСПИТУВАЊА - КОМПЛЕКС ТРЕСКА

Градежен институт Македонија е ангажиран за тековни лабораториски испитувања за модерна населба која ќе ја смени сликата на локацијата на поранешната фабрика „Треска“ ̶ комплекс „Треска“ Скопје за „ГОЛДЕН АРТ ДОО“, заедно со „АКУСТИК ДООЕЛ“ и „МЕГА ДОО“.
Комплексот е предвиден со ниски станбени згради со висококвалитетна архитектура, која ќе остави впечатлив белег во околината (уредено зеленило, модерна урбана опрема, внатрешни меѓу блоковски паркови и спортски игралишта), додека станбените единици распоредени со ниска катност во модерен дизајн, ќе остават впечатлив топол израз на целиот простор.

mk_MK