ГИМ е ангажиран за изработка на основна хидрогеолошка карта (ОХГК) која претставува стратешки документ за нашата држава. Овие истражувања имаат регионален карактер и со нив се врши организирано и планирано истражување на подземните води, со цел на утврдување на ресурсот подземни води и рационално и планско искористување и управување со истите.
Нарачател на работите е Геолошки завод на Република С. Македонија. Хидрогеолошките истражувања се изведуваат во повеќе фази, а во периодот август – октомври, 2022 год. се реализираше втората фаза од изработката на ОХГК лист Скопје, при што хидрогеолошкото картирање на теренот опфати површина од 500 km². Kако позначајна активност во текот на првата фаза, беше мониторингот на набљудувачката мрежа во рамките на ОХГК – лист Скопје, на месечно ниво, во процесот на која се набљудува повеќе од 60 водни појави и објекти, како што се реки, извори, бунари, пиезометри, итн.