Учество на регионалната конференција за градежништво

Заземавме активно учество на регионалната конференција за градежништво која се одржа во Сараево. Во своето излагање на панелите со задоволство го презентиравме комплексниот истражувачки и иновативен проект “Нов бизнис модел на циркуларна економија за поодржлива урбана градба – Cinderela финансиран од европската програма „Хоризонт 2020“.

Зборувавме за тоа како индустрискиот отпад (троска) може да се претвори во значаен извор на секундарни суровини (СРМ) за производство на градежни материјали и важна основа за имплементирање на нов бизнис модел на циркуларна економија за поодржлива урбана градба (ЦЕБМ).

Самиот проект Cinderela придонесува компаниите да воспоставуваат успешни бизнис случаеви на циркуларна економија засновани врз можностите од отпад до ресурс, односно концепт „Нула отпад”, преку примена на производи во градежниот сектор добиени на основа на секундарни суровини (СРМ).

ГИМ како дел од конзорциумот на тринаесет извонредни истражувачки институции и организации од седум европски земји вклучени во проектот Cinderela, со компанијата Макстил заеднички учествуваат во активности за поставување на пилот постројка за механичка обработка на секундарна индустриска суровина – троска (црна и бела), добиена од печките за топење на отпадно железо во фабриката Макстил и развој на можностите за нејзина примена во градежната индустрија.

Levea a Reply

You must be logged in to post a comment.*