Индустриски отпад (троска) – извор на секундарни суровини и нов бизнис модел на циркуларна економија за поодржлива урбана градба
Република Северна Македонија изобилува со секундарни суровини во форма на индустриски отпад, градежен отпад и отпад од општинските услуги. Истите како такви претставуваат релативно неистражен потенцијал за пазарниот сектор на суровини и би можеле да претставуваат значаен извор на секундарни суровини (СРМ), кои со одреден третман и преработка би можеле да најдат примена во градежништвото.
Градежниот институт Македонија АД Скопје врз основа на договор за деловно-техничка соработка со компанијата Макстил, презема активности на таа тема преку вклучување во проектот „Нов бизнис модел на циркуларна економија за поодржлива урбана градба – Cinderela. Истиот е финансиран од европската програма „Хоризонт 2020“ и претставува комплексен истражувачки и иновативен проект, кој има за цел развивање и демонстрирање на „Нов бизнис модел на циркуларна економија за поодржливо урбано градење (ЦЕБМ)”.
За реализација на целите на проектот Cinderela, Завод лабораторија при Градежниот институт Македонија АД Скопје е задолжен за целокупните лабораториски испитувања и тестирања на црната и белата троска за нивна употреба, како и за дизајнот на бетонската и асфалтната мешавина, лабораториските испитувања на готовите производи, бетон и асфалт приготвени во #лабораторија.
Во рамките на проектот Cinderela, се спроведуваат три пилот демонстрации во кругот на фабриката Макстил – Скопје (паркинг плато, асфалтиран пристапен пат и преградни sидови од бетонски блокови), кои ќе се градат претежно од секундарни суровини.
Прочитајте повеќе во објавата за списанието на комората на областени архитекти и овластени инженери – Пресинг.