ГИМ доби награда за најдобар правен субјект кој имплементира добри практики во безбедни и здрави работни места за своите вработени

ГИМ доби награда за најдобар правен субјект кој реално и стручно, допринел во сопствениот развој, инвестирајќи / имплеметирајќи добри практики во безбедни и здрави работни места за своите вработени во 2023 година, и со тоа го освои првото место во Категорија 1 на повикот ,,Добри практики во областа БЗР во 2023 година”.
Прогласувањето на победниците и доделувањето на наградите, се одржа 26.04.2024 година, на настан по повод одбележувањето на Светскиот ден за БЗР кој го организираат трите стручни Здруженија од областа безбедност и здравје при работа (Здружение за заштита при работа на општина Битола,Битола, Здружение за безбедност при работа 28-ми АПРИЛ, Скопје и Здружение на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје).