Амбасадорот на Босна и Херцеговина во посета на ГИМ
Амбасадорот на Босна и Херцеговина, Драган Јаќимовиќ беше во посета на Градежниот Институт Македонија и имаше можност одблиску да се запознае со менаџментот и дејноста на ГИМ.
На средбата се разговараше за големиот број тековни и успешно реализирани проекти во земјава, Босна и Херцеговина и на Балканот, како и за активностите на компанијата. Амбасадорот беше запознаен и со идните планови и активности на ГИМ кои ќе се реализираат на домашен и странски пазар.