ГИМ го прослави својот 49 роденден на традиционалниот роденденски пикник

На 22 септември се одржа традиционалниот роденденски пикник со кој ја прославиме 49-годишнината од основањето на Градежен институт Македонија.

Секоја година, овој настан овозможува осврт на иновациите, соработката и напредокот. Континуираниот успех е изграден врз силата на посветениот тим и висококвалитетната работа.

ГИМ се води под мотото “Ние сме семејство засекогаш” каде тимската работа и посветеноста се во сржта на сè што постигнуваме заедно, па така и понатаму продолжуваме да градиме посилна иднина.