Градежен Институт Македонија е добитник на наградата за Најеколошка компанија
Градежен Институт Македонија е добитник на наградата за Најеколошка компанија, фирма со успешна примена на ISO 14001 и придонес за зачувување на животната средина, на годинешниот конкурс организиран од Град Скопје.
Апликацијата ја припреми секторот за животна средина од ИЕГЕ, во соработка со колеги од ГИМ кои се задолжени за спроведување на стандардот ISO 14001 односно процедурите кои се за постапување со отпад како и воведување на енергетска ефикасност во објектот. Чест ни е што оваа награда е доделена на нашата компанија, а на нас вработените останува да продолжиме да се грижиме за животната средина.