Претставници на ГИМ и Фабрика Карпош присуствуваа на Првата конференција за патна инфраструктура
На 01 и 02 ноември 2023 година се одржа Првата конференција за патна инфраструктура во организација на Здружението за градежништво, индустрија за градежни материјали и неметали, при Стопанската комора на Северна Македонија.
Тема на дискусија на конференцијата беа искуствата, предизвици и перcпективи, со богата програма и голем број на панелисти од индустријата. На конференцијата присуствуваа претставници на ГИМ и Фабрика Карпош во друштво на владини претставници, декани и универзитетски професори, здруженија и претставници на поголемите градежни компании во земјата.
Видео запис и повеќе информации за настанот можете да погледнете на официјалната веб-страница на конференцијата www.kpi.mk