Comacchio GEO901 – најсовремена дупчачка гарнитура која ги поставува новите стандарди во индустријата
Гордо ја претставуваме нашата најнова машина – Comacchio GEO901 – најсовремена дупчачка гарнитура која ги поставува новите стандарди во индустријата!
Оваа машина е единствена од ваков тип во државата и отворa нови можности за длабоки структурни истражувања.
Опремена е со моќен мотор од 209 kW (Stage V), моќен торањ со сила на подигање од 30 тони и дуплекс пумпа со капацитет од 1.300 л/мин. Ротационата глава има брзина до 915 rpm и вртежен момент до 1.500 daNm, што ни овозможува да изведуваме длабоки истражни дупнатини до 1.500 метри и длабоки бунари до 1.000 метри.
Со оваа машина ги прошируваме нашите капацитети и можеме да понудиме решенија за најкомплексните геотехнички предизвици во државата и регионот!






