Oфицијална посета на Брана Слатино
На 18.07.2019 Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, заедно со евроамбасадорот Семјуел Жбогар, и постојаниот претставник на УНДП во Република Северна Македонија, Нарине Сахакјан, ја посетија браната Слатино.
Градежен Институт Македонија АД Скопје како изведувач ја реконструира Браната Слатино во рамките на Програмата на Европската Унија за санација на штетите од поплавите од 2015 година.
Во реконтрукцијата се користени нови технологии и нови материјали. Министерот Димковски изјави дека со реконструкцијата е постигната структурна стабилност на браната, отпорност на надојдени води, со што се намалува ризикот од поплавите. Од друга страна, санирањето на браната ќе овозможи навремена достапност на вода за наводнување на земјоделските површини. Дополнително, вкупната вредност на проектот е над 1,1 милиони евра.
Како што беше истакнато и од Евроамбасадорот Жбогар санирањето на браната Слатино е дел од кампањата „ЕУ за вас” чија цел е да се подигне свеста и да се информира јавноста за помошта на ЕУ на земјата.