Студенти од Градежен факултет одржаа практични вежби во лабораториите на ГИМ
Во рамките на соработката со Градежен факултет, Скопје на ден 21.12.2023 во просториите на оддел АБК во Лабораторијата на ГИМ беа одржани практични вежби по предметот Технологија на бетон.
На вежбите беа опфатени испитувања на свеж и стврднат бетон и тоа: определување на конзистенција на бетон по метод на слегнување и по метод на потресна плоча, определување на специфична густина на свеж бетон, испитување на јакост на притисок, испитување на јакост на затегнување при свиткување и испитување на јакост на затегнување при цепење.
Со соработката помеѓу Градежен факултет и ГИМ се прави значаен чекор кон обликување на иднината на индустријата и образованието на идните инженери.