ГИМ потпиша договор за изведба на работи на консолидација на теренот под браната ХЕ Вишеград – БиХ
Градежен Институт Македонија потпиша договор со Електростопанство на Република Српска – Хидроелектрани на Дрина за изведба на работи на консолидација на теренот под браната ХЕ Вишеград на реката Дрина – БиХ. Со изведба на предвидените работи потребно е да се обезбеди стабилноста и сигурноста на браната, а истовремено со намалување на големиот проток на вода под браната да се постигне зголемено производство на електрична енергија.