Градежен Институт Македонија прослави 40 години од своето постоење

Во пријатна атмосфера и во друштво на многу соработници и пријатели Градежен Институт Македонија во хотелот Александар Палас го прослави својот 40 годишен јубилеј. Основан во 1975 година, овој институт за време на период од 4 децении создаде уникатен бренд кој нуди услуги во сите области на градежништвото или “се под еден покрив“, почнувајќи од планирање, истражување, проектирање, контрола на квалитет, па се до надзор и градежништво.