ГИМ учествуваше на Консултативната средба за изработка на Рамката за развој МКД2030
ГИМ зазема активно учество во Консултативната средба за изработка на Рамката за развој МКД2030, во однос на животната средина и управување со водите, на која присуствуваа претставници на граѓански организации, професори и експерти од областа на животната средина и беа претставени стручните размислувања и предлози во однос на приоритетите во Рамката за развој МКД2030.
„Се проценува дека нашата земја е доволно, до средно богата со води. Не треба во иднина да дојдеме до ситуација на немање на количина на вода. Ако до такво нешто дојдеме, тоа би било резултат на несоодветно менаџирање”, истакна Доцент Д-р Златко Илијовски директор на секторот Хидрогеологија во ГИМ на тема водата како стратешки ресурс за секое општество.
Рамката за развој МКД2030 е стратешки документ што се изработува под покровителство на претседателот Пендаровски и ги утврдува приоритетите за развој и областите во кои треба да се фокусира државата со цел напредок и подобар живот на граѓаните во следнава деценија.
Консултативната средба беше организирана од Институтот за комуникациски студии, како дел од кампањата Разбистри сè.