Министерот Бочварски оствари средба и изврши увид во изградбата на браната Отиња

Министерот Бочварски оствари средба и изврши увид во изградбата на браната Отиња во Штип.

„Можам со големо задоволство да констатирам дека изградбата на овој голем проект за Штип и Штипјани тече со посакуваното темпо. Наближува денот кога браната ќе ја отвориме за нашите граѓани, кога ќе се исполни сонот на многу генерации Штипјани. Дури и во зимски услови, градежната компанија активно и навремено ги извршува своите градежни активности. Физичката реализација на терен изнесува над 10 проценти, а рокот за нејзино завршување е до крајот на 2023, почетокот на 2024 година и уверени сме дека ќе биде завршена според предвидениот договор.“ – изјави министерот Бочварски.

ГИМ е ангажиран како надзор на брана Отиња со Министерството за транспорт и врски. Со овој проект е предвидено да се изведе камено земјена брана со централно глинено јадро со висина од 33 метри, а рокот предвиден за изведба согласно договорите е 30 месеци.

Средствата за овој проект се обезбедени преку буџетот на Министерството за транспорт и врски.