Градежен Институт Македонија прогласен за Национален шампион на Европските бизнис награди за 2015/2016 година
Градежен Институт Македонија e прогласен за Национален шампион на Европските бизнис награди за 2015/2016 година. Наградите се спонзорирани од RSM International, што претставува престижен натпревар поддржан од бизнис лидери, академски личности, медиуми и политички претставници од цела Европа. Европските бизнис награди коишто се спроведуваат по 9ти пат, оваа година вклучуваат учество на повеќе од 32 илјади бизниси од 33 европски земји од кои 678 компании од цела Европа беа прогласени за национални шампиони.