Градежен Институт Македонија со награда за „Најдобар поддржувач на националното деловно решение за IoT”

Градежен Институт Македонија учествуваше во натпреварот Business Wall of Fame и доби награда за „Најдобар поддржувач на националното деловно решение за IoT” во Земјата, вклучувајќи и национална кампања. Натпреварот Business Wall of Fame е втора мултинационална кампања на Дојче Телеком чија цел е изнаоѓање на иновативни IoT решенија со коишто се поедноставува работата на деловните корисници.