Најава за отворање на нова филијала во Романија
Ни преставува големо задоволство да најавиме отворање на наша нова филијала во Романија!
Отворањето на филијала во Романија беше потврдено на остварената средба со амбасадорот Габриел Атанасов со претставниците на компанијата Градежен Институт Македонија, Михо Јаневски, претседател на Управниот одбор, Таки Трпкоски и Горан Ѓошевски, директор за продажба.
Со ова ГИМ ќе биде првата македонска компанија со филијала во Букурешт, а воедно и наша прва канцеларија отворена во ЕУ земја-членка.
Како лидер во својата област досега имаме отворено подружници кои активно делуваат во Р. Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Р. Косово и Р. Албанија.