Реализирана работилница дел од проектот RIS-RECOVER
Во организација Градежен Институт Македонија и партнерите во проектот, на 18 септември 2019 година се одржа работилница на тема – “Иновативни пристапи за употреба на секундарни суровини во циркуларната економија, во правец кон нула отпад во секторот металургија, рударство и градежништво” како дел од активностите во проектот RIS-RECOVER.
На работилницата беа присутни учесниците во проектот, претставници на бизнис секторот и академијата, претставници на државни институции и соработници.