Забрзано се гради системот за наводнување на јужната долина на Вардар во Валандовско

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, заедно со градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, ја посетија локацијата каде што во тек се градежните работи за изградба на новиот систем за наводнување на јужната долина на реката Вардар.

Проектот за наводнување на јужната долина на реката Вардар, втора фаза, се однесува на рехабилитација и модернизација на инфраструктурата за наводнување на системот за наводнување во Валандово. Министерот Димковски посочи градежните работи се одвиваат согласно предвидената динамика во договорот со изведувачот Штрабаг и надзорот Градежен Институт „Македонија“ АД Скопје. Изградбата започна во јуни, во моментов во полн ек е изградба на секундарната мрежа за наводнување (разводни цевководи) и на терцијалната мрежа за наводнување (дистрибутивни цевководи) и на пумпната станица Јосифово.