Mеѓународната Hаучна Kонференција ГРЕДИТ 2016
Тим на инженери од Градежен Институт Македонија и Институтот за истражување во животната средина, градежништвото и енергетиката зема учество на меѓународната научна конференција „ГРЕДИТ 2016 – Зелен развој, инфраструктура и технологија“ којашто се одржа од 31.03 до 01.04.2016 во просториите на Технолошко-металуршкиот факултет.
На оваа научна конференција учествуваа признати професори и научници од земјава и од странство, со свои трудови од областа на заштитата на воздухот, водата и почвата од загадување, проценка на ризици, обновливи извори на енергија, земјоделство и квалитет на храната, менаџмент на урбан и индустриски отпад, климатски промени и биодиверзитет, зелени градови, јавно здравје и други теми од областа на заштитата на животната средина. Меѓу дел од наградените трудови се најде и трудот изработен од тимот на ГИМ и ИЕГЕ на тема „Емисија на суспендирани честички ПМ10 во три македонски града и нивното влијание врз животната средина и здравјето на луѓето“. Трудот освои 2-ро место за постер презентација од вкупно 143.