Официјално промовирана првата Менаџерска и лидерска школа за инженери во Македонија

Институтот за Истражување во животна средина, градежништво и енергетика ИЕГЕ вчера официјално ја промовираше првата Менаџерска и лидерска школа за инженери во Македонија – МИМ.

Настанот се одржа во Хотелот Александар Палас, каде беа присутни гости од бизнис секторот, членови на Стопанската Комора и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, партнери и соработници од Европа, како и првата генерација на избрани 20 кандидати кои се дел од школата.

Менаџерската школа за инженери се однесува на професионален развој за менаџмент во инженерството и лидерски вештини и е специјално креирана согласно потребите кои ги имаат денешните инженери кои сакаат своето постојно искуство да го надградат со фокусирано знаење кое има значајно влијание во нивната идна кариера.