Дирекорот за продажба на Завод проектирање на ГИМ е избран за потпретседател на КОАИ
Полека ја завршуваме годината, ги прославуваме успесите и со гордост споделуваме дека на Собранието на Комора на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ), одржано на 14.12.2021 година, нашиот директор за продажба на Завод проектирање, градежниот инженер м-р Дејан Метикош е избран за потпретседател на КОАИ.
Продолжуваме да чекориме кон нови предизвици и посакуваме уште многу успеси во наредната година!