ГИМ подружница Тирана доби лиценци со кои ги исполнува сите услови за активно учество на пазарот

По успешната регистрација на Подружницата на Градежен Институт ,,Македонија” А.Д. Скопје во Тирана Р. Албанија започната е постапка за нострификација на лиценците на Компанијата со цел исполнување на сите услови за активно учество на пазарот.

Имено од јули месец 2021 година, Градежен Институт ,,Македонија” А.Д. Скопје Подружница Тирана поседува лиценци издадени од Министерството за инфраструктура и енергија на Р. Албанија и тоа:

  • Лиценца бр.7080/1 за подготовка на проектна документација во категориите 1-10, односно во областа на: урбанизмот, архитектурата, конструкциите, ел. и машински инсталации, патишта и железници, мостовски конструкции, системи за производство и дистрибуција на ел.енергија, гелогијата и хидрогеологијата и сл.
  •  Лиценца бр. 8258/1 за геолошко-истражни бушења, бушење на бунари за вода и сл.
    Градежен Институт ,,Македонија” А.Д. Скопје останува посветен на активното учество на пазарот на Западен Балкан.

Levea a Reply

You must be logged in to post a comment.*