Посета на студенти од Градежниот Факултет Подгорица
Во рамките на договорот за деловна и техничка соработка помеѓу ГИМ и Градежен Факултет, на 16.03.2019 година се реализира посета на студенти од Градежниот Факултет Подгорица, Црна Гора во соработка со Градежен Факултет Скопје.
Студентите беа придружени од доц. д-р Златко Зафировски, Градежен Факултет Скопје и асистентите Младен Гогик и Милодраг Булјсик, Градежен Факултет Подгорица.
Во текот на посетата, беше претставен профилот на ГИМ и беше извршен извршен увид во лабораториите. Посебно беше нагласено присуството на ГИМ во Црна Гора преку реализираните проекти и отворањето на новата лабораторија на ГИМ во Црна Гора.