Пробиен е вториот тунел под превојот Пресека

На 15.03 во присуство на вработените ангажирани во изградбата на автопатот Кичево – Охрид, беше пробиен и вториот тунел под превојот Пресека, каде ГИМ се јавува како надзор во проектот.

Вториот тунел е со должина од 2.011 метри, што е воедно најдолгиот друмски тунел изграден во земјава, а целокупната должина на двете тунелски цевки изнесува 4.015 метри.