Предводници во одржливиот развој

Градежен Инстиут Македонија АД Скопје доби признание во категоријата “Компании коишто се предводници во одржливиот развој, се стратешки определени да креираат одржлив бизнис и преку своја конкретна платформа или иницијатива придонесуваат кон реализирање на една или повеќе цели од Целите за одржлив развој 2019”.

Исто така во рамките на настанот,Мартина Блинкова Дончевска, вработена во секторот за заштита на животна средина во ИЕГЕ, официјално е добитник на наградата Предводници на Целите за одржлив развој 2019! Категоријата во која беше наградена е “Поединци вработени во компании кои преку својата работа во компанијата иницирале програма или промена која води до реализација на било која од Целите за одржлив развој”, а иницијативата за ЕКОКАЛЕНДАР беше препознаена како позитивна акција за остварување на одржливи практики во ИЕГЕ и ГИМ.

Наградата свечено беше доделена од страна на г. Никола Бертолини, од Делегацијата на Европската Унија, г. Кочо Анѓушев задолжен за економски прашања во владата и г. Бенџамин Перкс, вршител на должност Постојан координатор на ООН во земјава.

Повикот беше објавен во рамки на проектот „Градење меѓусекторски партнерства за одржлив развој“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Конект, АГОРА и мрежата на Глобалниот договор од Бугарија.