Доделување на сертификати на учесниците во проектот “Одржливо управување со водите – RESONATE”

Го означивме завршувањето на Еразмус+ проектот Одржливо управување со водите – RESONATE и доделивме сертификати на учесниците кои успешно ги завршија курсевите!

Во рамките на проектот RESONATE се одржаа 11 курсеви во рамките на 5 модули и се доделија 158 сертификати на 53 учесници од 9 земји.

На завршниот настан кој се одржа на 21 септември 2021 година, Доц. д-р Златко Илијовски, директор на оддел хидрогоелогија во Градежен институт Македонија и Проф. д-р Ангелина Танева-Вешоска, директор во Институт за истражување во животна средина, енергетика и градежлиштво – ИЕГЕ преку нивното обраќање дадоа кратко резиме на проектот и зборуваа за значењето на одржливото менаџирање со водите.

Особено ни беше драго што на настанот ги слушнавме и виртуелните обраќања од партнерските институции кои беа дел од проектот.

Преку промотивниот материјал кој се додели на присутните упативме силна порака преку која истакнавме дека со употреба на шишенца за повеќекратна употреба се придонесува до намалување на отпадот во светот, особено оној отпад кој завршува во океаните и водите.

Levea a Reply

You must be logged in to post a comment.*