Систем за наводнување во Општина Валандово
Валандово доби нов систем за наводнување за над 2000 хектари.
Станува збор за модерен систем за водоснабдување во земјоделството со кој се обезбедува навремено и квалитетно наводнување на територијата на Општина Валандово.
Завршена е втората фаза од Програмата за наводнување на Јужната Вардарска Долина, која покрива вкупна површина од 2150 ha и се состои од Зафат на водата за наводнување од доводен Ракавец на реката Вардар, Таложница, Тунел, главна пумпна станица Удово со капацитет 2,4 м3/с и пет пре-пумпни станици Удово 2, Градец, Јосифово, Пирава 1 и Пирава 2, главен GRP цевковод со должина од 9 км и дистрибутивна HDPE мрежа со вкупна должина од 96 км.
ГИМ зема активно учество со консултантски услуги за имплементација на проектот, надзор на градба и дополнително проектирање.