Амбасадорката на Босна и Херцеговина Лепа Бабиќ во посета на Градежен Институт Македонија

Амбасадорката на Босна и Херцеговина Лепа Бабиќ беше во посета на Градежниот Институт Македонија, и имаше можност одблиску да се запознае со менаџментот и дејноста на ГИМ. На средбата се разговараше за реализираните проекти и активности на компанијата, особено за тековниот проект – Изведба на работи на консолидација на теренот под браната ХЕ Вишеград – БиХ. Амбасадорката беше запознаена и со идните планови и активности на ГИМ кои ќе се реализираат на домашен и странски пазар.