ГИМ доби награда за Шампион за заштита на животната средина во WB6

ГИМ континуирано се стреми кон функцинирање согласно еколошкиот капацитет, почитувајќи ја животната средина и допринесувајќи за развојот на компанијата во која секој има можност за напредување. Признание за овој стремеж е скоро добиената награда ШАМПИОН ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ВО WB6.

Наградата е доделена во рамките на Регионалниот натпревар за компании од Западен Балкан 6 кој беше организиран од Западен Балкан 6 Инвестициски форум на Коморите – WB6 CIF (www.wb6cif.eu) и со поддршка на Европската комисија.

Западен Балкан 6 Инвестициски форум на Коморите – WB6 CIF е заедничка иницијатива на стопанските и индустриските комори од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија, која претставува околу 350.000 компании и воспостави платформа за соработка во 2017 година со цел да обезбеди заеднички глас до бизнис заедницата во регионот и да се олеснат меѓуделовните контакти и да се промовира регионот како една инвестициска дестинација.

Со зголемена мотивација, ГИМ продолжува да работи континуирано кон остварувањето на целта да стане во целост одржлива компанија.