ГИМ со активно учество на Бизнис ден на Градежниот факултет во Скопје -„Од амфитеатар до реализација: Професионални патеки и менаџерски искуства“
Градежен институт Македонија (ГИМ) учествуваше на Бизнис денот на Градежниот факултет во Скопје, кој се одржа на 26.05.2026 година во амфитеатарот на факултетот, под наслов „Од амфитеатар до реализација: Професионални патеки и менаџерски искуства“.
Настанот имаше за цел да ја зајакне соработката меѓу академската заедница и градежната индустрија, преку директна размена на искуства, професионални патеки и практични насоки за развој на идните инженери, со акцент на поврзувањето на академското знаење со реалните потреби на индустријата.
Во рамки на програмата, д-р Златко Илијовски од ГИМ одржа презентација, во која ги сподели своите професионални искуства, развојниот кариерен пат и искуствата од реализација на сложени инженерски проекти. Тој се осврна и на современите предизвици во геотехничката практика, како и на улогата на инженерите во управување и имплементација на проекти од висок степен на сложеност.
ГИМ како водечки лидер во градежниот сектор, и овојпат ја потврди својата активна улога и подготвеност за учество во иницијативи од ваков карактер, насочени кон унапредување на професијата и размена на знаење меѓу теоријата и практиката.
Присуството на ГИМ придонесе за отворена дискусија со студентите и професорите, како и за размена на практични совети поврзани со транзицијата од академско образование кон професионално инженерско делување.






