Градежен институт Македонија донираше компјутерска опрема преку иницијативата „Донирај Компјутер“

Градежен институт Македонија – ГИМ / CEIM се приклучи на хуманитарната иницијатива „Донирај Компјутер“, со донација на компјутерска опрема која ќе придонесе за поддршка на образованието, дигиталните ресурси и дигиталната инклузија.

Донираната опрема беше наменета за ООУ „Димитар Миладинов“ во Општина Центар, каде што ќе им биде ставена на располагање на учениците за нивните образовни потреби.

Посебно нѐ радува што, благодарение на нашиот ИТ тим, уредите беа целосно подготвени за употреба, со инсталиран оперативен систем и основни апликации, за да можат веднаш да бидат ставени во функција.

Оваа донација е резултат на успешната соработка со иницијативата „Донирај Компјутер“ и нејзиниот основач Борче Стаменов, чија долгогодишна посветеност овозможува употребливата компјутерска опрема да стигне до оние на кои им е најпотребна.

Како општествено одговорна компанија, Градежен институт Македонија останува посветен на поддршка на иницијативи кои создаваат еднакви можности, поттикнуваат дигитална инклузија и придонесуваат за развојот на заедницата.