Интервју со Татјана Ивановска – Раководител на секторот за правни работи и човечки ресурси во ГИМ

“Јас со мојот тим ги воспоставивме сите HR процеси – од регрутација и селекција, воведна обука и менторството што е дефинирана работна обврска на непосредно претпоставените, главните инженери и средниот менаџмент, со цел да се овозможи побрзо оспособување и вклучување на нововработените во извршување на секојдневните работни задачи.

Со плановите за кариерен развој ги поттикнуваме вработените за нивно дообразување, магистратури, докторати и со тоа градиме култура на учење кај вработените. Имаме развиено програми за обуки и развој на вработените, организираме интерни стручни обуки и работилници согласно специфичните барања на вработените, а како предавачи –обучувачи се наши искусни вработени експерти од соодветна област на градежништвото. Имаме и посебен правилник за стручно усовршување и дообразување на вработените.

Имплементиравме и практикантска програма за студенти од Градежниот факултет и другите технички факултети во РМ, за да се обезбеди развој на професионалните вештини на младите стручни кадри во периодот на нивното образование и да се стекнат со одредено работно искуство за нивното вработување. Моменталната состојба во компаниите во Македонија, посебно во нашата компанија покажува дека нововработените почетници без работно искуство тешко се снаоѓаат во работните процеси и тешко го применуваат стекнатото теоретско знаење во пракса. Голем предизвик за мене е преку оваа програма, практикантите кои се извор на високо мотивирани, а сеуште неизградени професионалци да се развијат според потребите на компанијата и да бидат потенцијални вработени во ГИМ.

Подготвуваме и спроведуваме специјализирани програми за управување со таленти, во соработка со нашиот Центар за истражување и развој и нашиот Научен Институт за истражување во животна средина, градежништво и енергетика каде што им се дава можност на вработените, покрај редовните работни задачи, учество во иновативни и развојни проекти каде креативноста на вработените е охрабрена и таа треба да произведе нови, иновативни решенија.

Дигитализиравме 70% од процесите во HR преку набавка на софтверско решение.

Имаме уште многу да работиме и можноста за подобрување и надградба е неограничена.” – вели Татјана Ивановска – Раководител на секторот за правни работи и човечки ресурси во Градежен Институт МАКЕДОНИЈА АД Скопје во интервјуто за 24HR.

Прочитајте повеќе во интервјуто тука.