Интернационална научна конференција GREDIT2022

Претставници на ГИМ земаа учество на интернационална научна конференција “GREDIT2022 – Green Development, Infrastructure, Technology”, која што се одржа од 5–7 мај 2022 организирана од Balkan Environmental Association (B.EN.A.).

Претставувајќи се со трудот “Methodology of innovative use of industrial waste material for construction application” имаа можност да го пренесат своето искуство и знање стекнато на истражувањето направено како дел од проектот CINDERЕLA, на поединци со слични интереси собрани на исто место. Од деловно вмрежување до најдобрите практики во индустријата, вработените од ГИМ имаа можност да разменат информации со експерти и лидери во областа на циркуларната економија, проширувајќи го своето знаење и видици.

Целта на Конференцијата беше да се разгледаат, идентификуваат и дискутираат актуелните прашања релевантни за борбата против климатските промени и да се нагласи важноста на одржливиот пристап во управувањето со животната средина преку планирање и имплементација/употреба на технологии поволни за животната средина од страна на истражувачите и експертите во областа на циркуларната економија и практики за одржливо управување со посебен акцент на урбаното загадување на воздухот, почвата и водите.