Италијанско – македонски бизнис форум

ГИМ активно учествуваше на италијанско – македонскиот бизнис форум кој се одржа на 03 Декември 2018 година во Скопје и оствари директни средби со италијански компании кои се заинтересирани за соработка на проекти од област на инфраструктура, енергетика и животна средина.

Настанот го организираше ИЧЕ – Агенцијата за промоција и интернационализација на италијанските компании во странство, при Амбасадата на Италија во Скопје со цел да ја поттикне соработката помеѓу италијанските и македонските компании.

Партнери во организацијата на настанот беа најголемите национални здруженија во Италија:

– ANCE – национално здружение на градежни компании,
– OICE – национално здружение на проектанти и консултанти во секторот градежништво и
– ANIE – национална федерација на компании од електротехника и електроника.