Менаџментот на ГИМ присуствуваше на Адижес обука

Нашиот врвен и среден менаџмент тим присуствуваше на Адижес обука за развој во периодот од 14 Април до 14 Јули 2014. Обуката беше организирана од страна на нашиот менаџер за човечки ресурси и беше дизајнирана да им помогне на нашите лидери да ја подобрат својата способност за градење и раководење на тимови, и притоа обезбеди исклучително корисни увиди како да одберат тимски играчи и да создадат клима во која секој може да расте и напредува. Спроведување на Адижес обука е дел од програмата ,,Среќни вработени, успешна организација”.