Меѓулабораториска средба организирана од ГИМ

Со цел подигање на нивото на квалитет во областа на лабораториски тестирања на градежни материјали на ден 14.11.2018 година во организација Градежен Институт Македонија АД Скопје, Завод Лабораторија, Сектор АБК се одржа Меѓулабораториска средба.

На сребата учествуваа 12 Лаборатории:

– Градежен нститут Македонија АД Скопје
– Завод за испитување на Материјали и развој на нови технологии Скопје
– Евро Консалтинг Скопје
– Еуро Роад Дизајн Скопје
– ГД Гранит АД Скопје
– ДГ Бетон АД Скопје
– Градежен Факултет Скопје
– Државен Универзитет Тетово Лабораторија за Испитување на Материјали
– Лабинг Скопје
– ГИ Монтенегро Подгорица
– Геинг Кребс унд Кифер Скопје
– Геоконтрол Скопје

На Меѓулабораториската споредба беа опфатени вкупно 54 методи за тестирање од областа на свеж и оцврснат бетон, челик, цемент, малтер, вода, адитиви и бетонски префабрикати.