Почеток на Проектот RIS-RECOVER, финансиран од европскиот фонд Horizon 2020

Почеток на Проектот RIS-RECOVER, финансиран од EIT-Regional Institute of Innovation and Technology кој што е дел од престижниот европски фонд Horizon 2020.

Главната цел на RIS‐RECOVER е да се развие план за екстракција на критични суровини и метали од рудните јаловини без создавање на отпад и да се изградат капацитетите на претприемачите и другите чинители во вредносниот синџир во Македонија. Тоа ќе ја поттикне регионалната еко-иновативност и ќе ја зголеми нејзината конкурентност, а во исто време ќе го засили развојот на европското лидерство во одржливото секундарно рударство.

Овој проект ги опфаќа процесите на елиминирање и намалување на отпадот преку рециклирање и користење на секундарните суровини во различни целни сектори (на пример, индустријата за метали, електронската индустрија, градежната индустрија). Главниот предизвик е како да се трансформира металуршкиот и рударскиот отпад во вредни производи.

Земајки го предвид фактот дека Македонија е мошне богата со минерални суровини, кои се главно екстахирани и преработени со традиционални методи, а вредни секундарни суровини (како што се In, Ga, As) сè уште се присутни во јаловината, беше избрана како регион за проектот RIS RECOVER.

Проектот е во конзорциум од шест европски институции од кои една е Градежен Институт Македонија – ГИМ. Повисоката додадена вредност на овој конзорциум е спојување на практичните искуства од различни сектори (на пример, металургија, градежништво, хемија) при развивањето на нов сеопфатен еко-иновативен пристап за управување со металуршкиот и рударскиот отпад.

Партнери во проектот RIS RECOVER се:

1. Civil Engineering Institute Macedonia, GIM
2. Geological Survey of Slovenia, GeoZS
3. Goce Delcev University Štip , UGD
4. Montanuniversität Leoben
5. Vlaamse Instelling voor Technologisch Onderzoek NV ‐ (Flemish Institute for
Technological Research NV VITO)
6. Zavod za gradbenistvo Slovenije, ZAG (Slovenian National Building and Civil Engineering
Institute)