Претставници од Заводот лабораторија учествуваа на 9-та Меѓународна конференција во Колашин, Црна Гора

Од 02.03 – 09.03.2024 претставници од Заводот лабораторија во ГИМ учествуваа на 9-та Меѓународна конференција “CIVIL ENGINEERING – SCIENCE AND PRACTICE” GNP 2024 во Колашин, Црна Гора.

Конференцијата беше организирана од страна на Инженерската комора на Црна Гора и Градежниот факултет при Универзитетот во Црна Гора.
На конферецијата го презентираа научниот труд “WASTE ASH FROM COMBUSTED WOOD BIOMASS IN CONCRETE” од авторите м-р Гоце Пранговски, дипл. град. инж, м-р Сузана Аранѓеловска, дипл. град. инж. и Никола Трпески, дипл. град. инж.

На конференцијата беа споделени бројни искуства од областа на градежни материјали и нови технологии и остварени бројни контакти со авторитети од областа.

Повеќе информации за конференцијата можете да прочитате на следниот линк https://www.gnp.ucg.ac.me/