Современи мулти дисциплинарни аспекти во истражувањето на алувијалната депресија на Вардар-Лепенец

Изминатата недела во просториите на ИЕГЕ се одржа презентација на истражувањата од научно истражувачкиот проект под наслов “Современи мулти дисциплинарни аспекти во истражувањето на алувијалната депресија на Вардар-Лепенец”, реализирани од тим млади геолози од Заводот за геотехника. Координатор на истражувачкиот тим беше д-р Златко Илијовски, а презентери на истражувањето беа Игор Талевски, Марија Макешовска и Ивица Андов.

Истражувањата кои се одвиваа во периодот од март до декември оваа година беа финансирани од страна на ГИМ и ИЕГЕ. Проектот опфати повеќе дисциплинарен современ пристап во истражувањата од областа на геолошки, хидрогеолошки, математичко моделирање на подземни води, геофизички и екохидрогеолошки истражувања. Комплетните истражувања се обработени и прикажани со примена на ГИС технологијата.